ТЕРА

REKLAMA???

СИНОЌА ПРЕМИЕРНО „РИБАРСКИ КАРАНИЦИ“ НА РОТИНСКОТО ЕЗЕРО

Под отворено небо, крај езерото, се сретнуваат љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија „Рибарски караници“.

Премиерата на оваа претстава беше синоќа на Ротинското езеро, во еден поинаков амбиент, од оној вообичаениот и за актерите и екипата која ја реализираше, но и за публиката.

Во комедијата која е по текст на Карло Голдони, играат Никола Стефанов, Јулијана Мирчевска, Никола Пројчевски, Соња Ошавкова, Петар Горко, Марија Цветановска, Леонида Гулевска, Валентин Дамчевски, Елена Мошевска, Живко Борисовски, Петар Спировски, Александар Димитровски, Илина Чоревска, Катерина Аневска – Дранговска и Марија Стефановска.

Претставата е во режија на Јован Ристовски, сценографијата е на Валентин Светозарев, костими Андреј Ѓоргиевски, композитор на музика Александар Димовски, светло мајстор Игор Мицевски, инспициент Оливер Петровски, суфлер Гордана Михајловска, продуцент Димитар Михајловски.

Вечерва оваа претстава ќе биде одиригната на истата локација.

Во продолжение преку неколку фотографии на Народниот театар ви ја пренесуваме атмосферата од синоќешната премиера.