ТЕРА

REKLAMA???

СЛАВЕСКИ НАЈАВУВА ЗАКОНСКИ ИЗМЕНИ ЗА ПОНИСКИ БАНКАРСКИ ПРОВИЗИИ

Гувернерот на Народната банка Трајко Славески во интервју за Радио Слободна Европа најавува законски измени за пониски банкарски провизии од 2026 година.

Во однос на банките, и самите рековте дека имаат значителна ликвидност, а податоците покажуваат и раст на профит. Тоа е делумно и преку наплата провизии. Вие неодамна повикавте на правичен однос кон граѓаните, некои банки и ги намалија провизиите, но дали е тоа доволно?

„Мислам дека пораката е сфатена, банките работат со пари на граѓаните. Нашите плати се префрлаат на нашите сметки кај банките, нашите заштеди се кај банките и секако треба тука да има фер однос од аспект на пристапот и цената на услугите во платниот промет што ние ги користиме кај банките. Не само неколку, туку големите и средните банки веќе ги намалија надоместоците и провизиите, некои имаат навестување дека тоа ќе го направат во периодот нели што следи и ние сме задоволни од првата реакција.

Но, одиме чекор понатаму – ќе го прошириме опфатот на таканаречената сметка која што е предвидена со законот за платни системи, платежни системи и платни услуги – платежна сметка за основни функции. Тоа е посебна сметка која што може да ја отвори секој граѓанин каде што од каде што ќе ги врши плаќањата и ќе има за мал надомест привилегии од аспект на бесплатно или користење на услуги во платниот промет со многу ниска цена, плаќање на сметки.

Еве ние дури и предвидуваме, она што сега е товар за одредени граѓани коишто живеат да речеме во населби каде што е присутна само една банка со оние банкомати за подигање на готовина, па се изложени на трошоци, дури и тука предвидуваме да може во текот на месецот четири пати со ограничена сума до 2000 денари, што е сосема доволно да подигаат готовина од банкоматите без провизија. А плаќањата на лозите дали се посебно во мобилното и електронското банкарство, тука драматично или драстично се намалуваат да речам цените на услугите и тоа ќе го направиме со предлог за законски измени и очекуваме да биде ефективно од почетокот на 2026 година“ вели гувернерот Славески.