По повод светскиот ден на срцето – 29 септември, дијагностички центар Жан Митрев Битола организира бесплатни консултации за пациентите. Навремената дијагноза е првиот чекор до здраво срце.
Како и секоја година , така и оваа година , Светскиот ден на срцето – 29.септември , во Дијагностички Центар Жан Митрев – Битола го одбележуваат со бесплатни консултации за пациентите . Грижата за пациентите во Дијагностички Центар е во континуитет од самото отварање на Поликлиниката од 2012 година со превентивни прегледи , навремена дијагноза и навремено решение за секоја здравствена состојба.











