На Саем-Отчетot што го организираше ВМРО ДПМНЕ, под мотото „4 години работа за тебе” се обрати и градоначалникот на општина Новаци, Стевче Стевановски кој ја истакна изградбата на три главни улици и канализационата мрежа со пречистителна станица.
„Максимални напори вложивме во почеток на изградба на индустриската развојна зона во Новаци којашто ќе биде на површина од 20 хектари, дојдовме до реализација на еден од најголемите проекти во историјата на општина Новаци тоа е изградбата на трите главни сообраќајници коишто ќе ја поврзат новата индустриска зона, чијашто вредност изнесуваше повеќе од 60 милиони денари, улици кои ги исполнуваат сите стандарди. За скоро време ќе ги удриме темелите на новите фабрики кои ќе никнат во општина Новаци”, вели Стевановски.
Во продолжение изјавата и за другите активности од отчетот за сработеното.












