Директорот на битолски „Комуналец“ Горан Степановски денеска од улуцата „12 кладенци“ се обрати и им се извини на граѓаните за тоа што во текот на утринските часови при подигање на сметот од вработените на јавното претрпијатие по ненамерна грешка, дел од сметот, беше паднат на улицата.

„Истото беше за кратко време санирано, улицата беше целосно исчистена и измиена од нашите екипи. ЈП „Комуналец“ се извинува на жителите за непријатниот настан, а доколку понатаму се утврди одговорност кај вработените за овај настан истите ќе бидат соодветно санкционирани“ вели Степановски.












