ТЕРА

REKLAMA???

СТУДИРАЈТЕ НА ПРАВНИОТ ФАКУЛТЕТ НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

Правото побарува доживотно учење, вклучувајќи постојано образование, компјутерски вештини, комуникациски стратегии, етика, правосуден испит. И се ова во интерес на правдата. Основна цел на студиските програми на Правниот факултет при Универзитетот „Св. Климент Охридски“ е продлабочување, проширување и подигање на нивото на студентските знаења кон квалитетни правници во реалноста.

Студиската програма по правни студии за прв циклус академски студии на Правен факултет – Кичево (Битола и Струга), има за цел да профилира кадри кои во согласност со концептот на модерното академско образование за непосредно поврзување на теоријата и практиката, се стекнуваат со знаења и вештини за работење во сферата на правосудството, адвокатурата и нотаријатот, извршната и законодавната власт, за работење во политичките институции, за работење во претпријатијата и компаниите, како и во многу други национални, регионални и меѓународни асоцијации и организации итн.

Во академската 2025/ 2026 година Правниот факултет е отворен за 215 студенти за студенти кои би избрале една од двете студиски програми во четиригодишни академски студии.  И овој факултет функционира во Кичево, во Битола и во Струга.

На студиската програма Правни студии во Кичево, отворени се по 20 места за редовни студенти од државна квота и со плаќање школарина и 10 места за вонредни студенти. На Правни студии во Битола има 40 отворени места за редовни студенти во државната квота, 40 за редовни студенти со плаќање школарина и 10 места се отворени за вонредните студенти. На Правни студии во Струга има по 10 отворени места за редовни и вонредни студенти. Или вкупно годинава на студискаљта програма Правни студии ќе се запишат 50 студенти во Кичево, 90 студенти во Битола и 30 во Струга.

Правниот факултет при УКЛО нуди уште една студиска програма за додипломски или прв циклус студии. Тоа е програмата Политички науки и дипломатија. И во Кичево и во Битола и во Струга за оваа програма има по 5 отворени места за редовни и вонредни студенти или вкупно на програмата Политички науки и дипломатија, Правниот факултет ќе запише 45 студенти.

Од Правниот факултет велат „Програмата цели кон тоа да обезбеди цврсти, критички и систематски сознанија за институциите и суштествените правни феномени и појави во Р. Македонија, да обезбеди основни сознанија за концепциите, основните принципи на правото и правниот систем на Р. Македонија и за начинот на неговото функционирање на меѓународен план, да развие свесна критика на правото во споредбен, историски, општествено-економски и во политички контекст и да им претстави на студентите редица различни теоретски достигнувања поврзани со правото како такво, да им понуди редица опции кои ќе им овозможуваат на студентите да студираат специфични полиња на правото, да развиваат сопствени критички, аналитички, функционални, споредбени способности и способности за решавање на проблемите кои можат да се применуваат во различни позитивно – правни и реално – апликативни рамки, да даде можност за развој на интер – персоналната и професионална комуникација, значењето на научното истражување и други значајни способности потребни за вработување на дипломираните правници во правосудството, во други соодветни институции како и нивно активно вклучување во наставно – научниот и научно – истражувачкиот процес.

“ И завршуваат со пораката „Ние ви нудиме прилика – вие треба да ја препознаете и да ја искористите најдобро што можете.“