ТЕРА

REKLAMA???

ТЕАТАРСКА ПРЕТСТАВА НА ГОЛЕМО ЕЗЕРО НА ПЕЛИСТЕР

Високо под ѕведите на 2.218 мнв на 09.08.2025 љубителите на планината, природата и театарската уметност ќе имаат ретка можност 26-тата изведба на претставата “Ноќта кога ја убив месечината” да ја проследат на Големо Езеро, Пелистер. Вечерта на небото над Големо Езеро ќе имаме егзактно полна месечина и актерите ќе настапат на природна сцена, велат од Националниот парк „Пелистер“, која заедно со театарот, камерниот оркестар и со подршка на Општина Битола го организира овој уникатен културен настан на несекојдневна локација

Под светлината на полната месечина, публиката ќе има можност да ја проследи драмската претстава „Ноќта кога ја убив месечината“, во режија на Марјан Георгиевски, кој и настапува во претставата заедно со актерот Александар Копања.

Музиката за претставата ќе биди во живо.

Претставата отвора суштински теми за човековата егзистенција, осаменоста, слободата, маските што ги носиме и загубените вредности во современото општество. Тоа е психолошка и филозофска драма која патува од интимно до општествено, од реалност до апсурд.

Како што рековме Локација: Големо Езеро, Пелистер (2.218 м.н.в.)

Време на почеток: 21:30–22:00 часот

Времетраење: До полноќ

Посетата е со претходна пријава, бројот на посетители е ограничен

Пристап до локацијата:

По некатегоризиран пат (15 км) од Информативниот центар на Пелистер (1350 м.н.в.)

Или , по патека од С. Ниже Поле преку Дебел рид, со тежина од втора категорија

Важно за посетителите:

Поради специфичните природни услови и безбедносните протоколи (вклучително и важечката забрана за движење во шума), присуството е дозволено само со претходна најава, независно од начинот на пристап.

Се препорачува соодветна планинарска опрема:

Високи обувки, повеќеслојна облека (јакна, капа, ракавици)

Челна ламба и кутија за прва помош

Храна и минимум 2 литри вода

Температурите за време на настанот ќе се движат меѓу 11–13°C, ги соопшти овие важни информации Националниот парк „Пелистер“.