ТЕРА

REKLAMA???

ТРИ ВОЗА ДО СКОПЈЕ И ПОПАТНО ОКОЛУ 30 ЗАСТАНУВАЊА

Од пред три дена на сила е новиот возен ред на македонски железници, а со важност до 13 декември следната година.

Новиот возен ред е со стариот број на возови, односно исто како и до сега три пара воза кон Скопје и обратно, иако претходно, односно до некаде пролетта бевме само со еден воз кон Скопје и обратно.

Првиот воз со кој можете да патувате кон Скопје, а кој попатно застанува освен во поголемите места Прилеп и Велес и скоро 25 помали места, од Битола тргнува во 3:10 минути, а во Скопје пристигнува во 6:34 часот.

Вториот воз пак од Жабени тргнува во 11:15 часот, а од Битола за Скопје продолжува во 12:46 и во Скопје присигнува во 16:15. И тој со многу попатни станици на кои застанува дури некаде 27 застанувања.

Третиот, односно вечерниот воз за Скопје од Битола тргнува во 18:22 часот, а во Скопје пристигнува во 21:48.

Што се однесува до возовите кои од Скопје поаѓаат за Битола првиот е наутро во 7:06, во Битола пристигнува во 10:31 и продолжува за Жабени каде пристнува во 10:54.

Вториот воз за Битола е попладне во 14:30 и тој во Битола пристигнува во 17:56 и вечерниот воз од Скопје е во 20:05 и во Битола пристигнува во 23:29. И овие возови од Скопје попатно застануваат на многу станици,.

Остануваат бесплатните патувања за млади до 27 години старост правото на бесплатен превоз го остваруваат првиот и третиот викенд во месецот, лицата со возраст за жени над 62 и мажи над 64 години старост правото на бесплатен превоз го остваруваат вториот викенд во месецот, студентите, правото на бесплатен превоз го остваруваат секој четврток во месецот и средношколците правото на бесплатен превоз го остваруваат секоја среда во месецот.