ТЕРА

REKLAMA???

ФЕСТИВАЛСКА ИЛИНДЕНСКА ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА ЉУПКА СТЕФАНОВСКА

Во рамките на 55-то издание на Републичкиот фестивал на народни песни и игри „Илинденски денови“, се одржа промоцијата на книгата „Етнокореолошки аспекти на фестивалските сцени“ од м-р Љупка Стефановска.

Од фестивалот велат дека ова капитално дело ја разгледува сценската фолклорна практика низ призма на етнокореологијата – како наука која го истражува движењето, играта и кореографијата како културни и идентитетски носители.

Стефановска, како магистер по етнокореологија и долгогодишен истражувач на фолклорот, преку оваа книга го документира, анализира и интерпретира процесот на сценска трансформација на фолклорните обреди и ора, од селската сцена до современиот фестивалски контекст.

Настанот го отворија визуелни проекции и традиционално добредојде во фоајето, со изложба инспирирана од самото дело.

Со ова дело, Стефановска успева не само да го документира фолклорот како сценска форма, туку и да го постави во научен, културолошки и општествен контекст – нагласувајќи ја важноста на фестивалските сцени како архиви на колективната меморија, велат од фестивалот.

Фото: Фестивал „Илинденски денови“