ТЕРА

REKLAMA???

ФОЛКЛОРНИОТ КАРАВАН НА „ИЛИНДЕНСКИ ДЕНОВИ“ БЕШЕ И ВО ОПШТИНА НОВАЦИ

Општина Новаци беше домаќин на караванот на „Илинденски денови 2025“, кој донесе вистинска фолклорна и културна магија под отворено небо.

Со традиционални песни, игри и танци, сцената во Новаци ја раздвижија МГА „Везилка“ – Новаци, Ансамблот од Мексико, Ансамблот од Грузија, и Ансамблот од Индонезија.

„Публиката уживаше во богатата музичка и играорна програма, каде културите се споија во едно заедничко славење на традицијата, пријателството и заедништвото меѓу народите. Благодарност до сите учесници, гости и љубители на фолклорот кои беа дел од оваа незаборавна вечер. Новаци уште еднаш покажа дека е вистински чувар на македонската традиција и отворен дом за културите од целиот свет“ вели градоначалникот Стевче Стевановски.

Пред присустните се обрати и директорот на Центарот за култура-Битола, Сашо Илковски, институција која е организатор на фестивалот „Илинденски денови“.