Еурофарм Пелистер ги доби сите дуели со помладиот битолски тим. И последната братска пресметка во салата „Боро Чурлевски“ им припадна на избраниците на Жељко Бабиќ, кои како гости славеа со 27-30 во претпоследното коло.
Фаворитот во текот на целиот натпревар водеше и не го доведе победникот под знак прашање. Стипе Мандалиниќ со девет гола беше најефикасен во победничкиот тим.
Во последното коло Еурофарм Пелистер 2 гостува во Охрид, а Еурофарм Пелистер го пречекува Бутел Скопје.













