Eвропскиот стандард на пазарите во Битола и предизвиците со кои се соочува ова комунално претпријатие и денеска во фокусот на нашето внимание. Сега, за објективност на нашите информации, прашањата за кои претходните два дена дискутиравме со пазарџиите и продавачите , ги поставивме и на директорот Драги Џаревски.
Секојдневно низ тезгите на двата пазари во градот се движат пазарџии – едните ги нудат своите производи, другите ги одбираат, пробуваат, купуваат или не. На крај, резултатот е смет.
Вчера не успеавме да дојдеме до информации за организацијата на пазарите и предизвиците со кои се соочува комуналното претпријатие Пазари. Па денеска го прашавме директорот кое е нивното работно време?
Ако хигиената е еден од критериумите за да се дефинира европскиот карактер на зелените пазари, во случајов двата градски пазари со кои стопанисува ЈП Пазари, тогаш треба да се знае дека одговорноста е подеднаква и кај тие кои закупуваат тезга, штанд или простор за камион и кај претпријатието.
Куќата има хигиеничари, по три во секој од пазарите. Од каде впечачтокот дека некој не си ја врши својата работа?
Другата страна за состојбата на скалилата кои од зелениот пазар водат кон првиот кат од Новиот пазар вели дека иако постои еден јавен тоалет, отворен 24/7 , многу од посетителите во ноќните часови не успеваат или не сакаат да стигнат до тоалетот. Оттука сите биоразградливи и миризливи материи видливи одново, секојдневно.
Празните контејнери во текот на денот имаат своја функција. Еколошките стандарди по кои работат Пазари и Комуналец со кои соработуваат налагаат принципи за рециклирање, но за нив не се грижат сите подеднакво.
Сосема неевропски.
Наместо заклучок, потсетуваме на потребата од грижа за заедничкото добро, онака како што се зборуваше во социјализмот, ама овојпат вистински. Промените се потребни во многу сегменти од пазарите, а засега европска е само конкуренцијата што производителите кои продаваат на пазар ја имаат од големите фирми и маркетите.
На крај Џаревски посочува дека е време Битола да добие комплетно затворен пазар, европски.
Разговорот во целост преку врската подолу што ве води до YouTube.












