ТЕРА

REKLAMA???

104 СЛУЧАИ НА ГРИП ВО БИТОЛА ПРИЈАВЕНИ ВО ПРВАТА НЕДЕЛА ОД ОВАА ГОДИНА

Во текот на 1-ва недела од 2024 година (01-07.01.2024), во Македонија се пријавени 1.025 случаи на групни пријави за заболени од грип/заболувања слични на грип (ИЛИ), 2,5 пати повеќе во споредба со претходната недела.

Бројот на пријавени лица оваа недела споредено со 1-ва недела од минатата сезона е зголемен за 24,8%. Во текот на 1-ва извештајна недела, во вирусолошката лабораторија на Институтот за јавно здравје, пристигнаа 37 материјали од рутинскиот надзор за лабораториско тестирање, паралелно тестирани за грип и КОВИД-19 (SARS-CoV-2). Притоа, детектиран е 21 позитивен случај на Influenza, 19 А(H1)pdm09 и по еден Influenza А(H3) и Influenza А – несубтипизиран. Регистриран е и по еден пациент со респираторен синцицијален вирус (RSV) и SARS-CoV-2.

Пријавената инциденца за прв пат оваа сезона е над неделната граница на сезонската активност на вирусот на грип , односно достигнат е прагот на влез во сезоната на грип.

Во однос на возрасната дистрибуција, 544 лица се на возраст од 15-64 години, 233 кај деца на возраст од 5-14 години, 185 кај деца на возраст од 0-4 години и 63 се регистрирани кај лица на возраст над 65 години. Највисока инциденца  се регистрира кај децата на возраст од 0-4 години.

Заболените се пријавени од 18 ЦЈЗ/ПЕ, во Скопје – 269, Дебар – 188, Гостивар – 114, Штип – 107, Битола – 104, а во останатите, бројот на пријавени е ≤100.

Во 8 извештајни единици кои пријавија случаи во текот на оваа недела се регистрира многу ниска, во 6 сезонска, во три средна, а во една (Дебар) – висока активност на вирусот на грип.

Се забележува зголемување на бројот на заболувања слични на грип, кој за прв пат оваа сезона е над неделната граница за сезонска активност. Резултатите добиени од вирусолошкиот надзор над инфлуенца покажуваат дека има широко-распространета активност на вирусот на грип. Процентот на позитивност е над границата од 10% три недели со ред. Согласно овие податоци, Македонија има широко-распространета географска распространетост и висок интензитет на активноста на вирусот на грип.

Вакцинацијата против сезонски грип е најефикасна заштита од ова заболување. Институтот за јавно здравје препорачува вакцинација на целото население, особено на лица кои припаѓаат на т.н. ризични групи.