ТЕРА

REKLAMA???

193 САНКЦИИ ЗА СООБРАЌАЈНИ ПРЕКРШОЦИ

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на викендот (03/04/05.11.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.
На територија на СВР Битола санкционирани се 193 возачи, меѓу кои 68 мерки за возење повеќе од дозволената брзина , 32 мерки за возење без возачка дозвола,22 возачи за управување под дејство на алкохол.
Од СВР Битола информираат дека сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови и апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.
Инаку во територијата на СВР Битола спаѓаат градовите: Битола, Прилеп, Ресен, Демир Хисар, Крушево и Македонски Брод.