На полноќ на 1 септември завршува рокот за собирање потписи за независни кандидатури за локалните избори, закажани за 19 октомври годинава. Заклучно со 31 август најголем интерес во Демир Хисар, а помал во Битола.
Од Државната изборна комисија ја добивме информација на нашето прашање за тоа колку независни листи за градоначалници и за советите во општините од овој регион се поднесени, а прашавме за општините Битола, Демир Хисар, Ресен, Прилеп, Могила, Новаци, Крушево, Македонски Брод и Кичево.
Од ДИК не информираат дека заклучно со 31.08. 2025 се собираат потписи за градоначалници за општините:
Македонски Брод ( 1 кандидат),
Битола ( 2 кандидати),
Новаци ( 2 кандидати)
Демир Хисар( 5 кандидати).
Во однос на наведените општини, потписи се собираат за совети на Македонски Брод ( 1 листа), Битола( 2 листи ) и Могила( 1 листа).
Рокот за поднесување листи за кандидати за градоначалници и за советници за локалните избори е до 13 септември.
До 11 септември е рокот за увид во Избирачкиот список во сите подрачни канцеларии и одделенија на ДИК.












