ТЕРА

REKLAMA???

42 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ЈОСИП БРОЗ ТИТО

Јосип Броз-Тито, југословенски комунист и доживотен претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија.

Тито бил генерален секретар, а подоцна и претседател на Комунистичката партија на Југославија од 1939 до 1980 и ја предводел Југославија во Втората светска војна. На чело на Партизанското ослободително движење бил од 1941 до 1945 година.

По војната бил Премиер на Југославија, а подоцна и Претседател на државата. Од 1943 до неговата смрт тој бил одликуван за единствен Маршал на Југославија и врховен командант на Југословенската народна армија.

Покрај државничките обврски и водачки должности во КПЈ и СФРЈ, Тито бил еден од основачите на Движењето на неврзаните и негов прв генерален секретар.

Мислењата за неговата улога и дело се спротивставени – за едни Тито е симбол на социјална правда, подобар и посигурен живот, голем надворешнополитички углед, а за други – диктатор со огромна политичка моќ кој се пресметувал со политичките неистомисленици.

Јосип Броз Тито почина на 4 мај 1980 година во Клиничкиот центар во Љубљана. Погребан е на Дедиње во Белград во Куќата на цвеќето. Неговиот гроб досега го посетиле повеќе од  20 милиони луѓе.