ТЕРА

REKLAMA???

70 ГОДИНИ АРХИВ БИТОЛА

Битолскиот архивски ритам започнува да се бележи од 26 мај 1954 година, а денеска грижливо подготвена, со бројни информации, се одбележа седмата деценија на оваа институција.

Свечено со огромна искажана почит кон сите што се вградиле, кон професијата и со промоција на монографија којашто во фокусот ја има не само архивистиката туку најважните – архиварите.

Одбележувањето се одвиваше во два дела – најпрвин за важноста на архивската работа во една држава.

Монографијата која од печат излегла 30-тина минути пред почетокот на одбележувањето во кристалната сала на Офицерски, а промовирана денеска, содржи информации и фотографии за Архивот кој и пред 70 години и сега го обележуваат луѓето кои таму работат. Сите во своите карактери имат почитување на историјата и традицијата, желба за документирање на настаните или движењата од секојдневието, и цел се до што ќе дојдат како истражуавње, да го претстават на јавноста и да го остават за идните генерации.

Одбележувањето продолжи со спојување на историските документи за архивот и сегашната енергија на младата генерација архивисти, кои не само што ги архивираат документите кои и во ова дигитално време се произведуваат, туку грижливо оговараат на националниот културен интерес.