ТЕРА

REKLAMA???

9-ТИ ПО РЕД ОРАТОРСКИ НАТПРЕВАР НА БИТОЛСКИОТ УНИВЕРЗИТЕТ

По 9 пат, веќе традицинално Универзитетот го одржа студенткит ораторски натпревар.  Насловен е УКЛО Тривиум. Ева Нешкоска, Антонио Чоневски и Дарко Трповски се прогласени за најдобри.

„Ова е ораторски натпревар во кој студенти се натпреваруваат кој најдобро ќе ја изнесе темата на подобар начин, оваа година се случува по деветти пат и веќе е тртадиција за студентите на нашиот универзитет. Мислам дека оваа година ќе биде многу поквалитетен натпреварот, го имаме и минатогодишниот победник и од претходната година, па мислам дека компетитивноста ќе биде на повисоко ниво“ – рече Пеце Гушевски, претседател на Универзитетско студентско Собрание.

Ректорот Игор Неделковски го збогати церемонијалниот дел со отворање на натпреварот, а пред крајот  и доделување на дипломи за тројцата најдобри.

„Често пати се случува тие што добиваат награди да добијат награди и на националните и меѓународни натпревари на оваа тема, ораторството. “ – вели ректорот проф. д-р Игор Неделковски.

Право на учество имаат сите студенти од сите единици на Универзитетот и од сите степени на едукација – студенти од прв, втор и трет степен. Ораторството подразбира говорење во јавност, но епитеттот „оратор“ се користи ако говорникот е елоквентен, театарски ефикасен  за говори кои влијаат врз чувствата и верувањата на слушателите. Вообичаено непосредно пред ораторскиот натпревар се организира работилница. Низ тајните и принципите на ораторството, реториката ги води професорката Билјана Граматковска.

„Највисоката форма на пишување е поезијата, а највисоката форма на јавен настап е ораторството и се разбира дека има принципи и правила кои мора да бидат испочитувани; правоговорот е многу важен, ставот е многу важен и, треба да знаат како да ја победат тремата. Нема некои магични вежби кои ќе помогнат во совладување на треамата, но оние кои можат многу добро да помогнат ги вежбаме заедно и тие се свесни како тоа најдобро можат да го искористат во своја полза“ – вели  проф.  д-р Биљана Граматковска,од  Педагошки факултет, УКЛО.

Проф. Граматковска, заедно со проф. Виолета Јанушева  од Педагошки факултет и м-р Александар Тодоровски во својство на стручна комисија ги анализираа сите сегменти во 8-те ораторски настапи денес.

Овој настан е вовед во годинешното одбележување на неколку јубилеи кои се во директна врска со постоењето на Универзитетот.  Годинава најпрвин се одбележуваат 45 години од основање на УНиверзитетот, 100 години од формирањена првата и најстарата единица Институтот за тутун од Прилеп.

Оваа недела наречена „Април на УКЛО“ е увертира  во прославите на јубилејната година. Крешчендо ќе биде форумот на ректори од Југоисточна Европа и КОЛОРС Алијансата во септември оваа година, а финалето традиционалната Свечена седница на ректорската управа и Сенатот по повод нашиот празник во декември, а во меѓувреме ќе имаме бројни настани со нашите студенти, со професорите и други вработени, но и со заедницата и со граѓаните на општините и градовите во кои што делува УКЛО. “ – најави денеска ректорот Неделковски.

На 25 април пак на јавноста ќе и биде претставен еден малку познат факт во организацијата на студентските движења на овие простори, а предвидено е да има и посебен јубилеене студентски перформанс.

Денеска во амфитеатарот на Кино Манаки проф. Д-р Татјана Блажевска одржа предавање на тема “Правилниот начин на исхрана како форма на самопочит“.