ТЕРА

REKLAMA???

ПЕЛИСТЕР ЗАГУБИ ОД ШКУПИ, ИСПАЃАЊЕТО ВО ВТОРА ЛИГА НЕИЗБЕЖНО

Водечкиот Шкупи се приближи на една победа до освојување на титулата, откако попладнево триумфираше на гостувањето во Битола против Пелистер (1-0) во рамки на 28 коло во Првата македонска фудбалска лига (ПМФЛ). До својата 21. сезонска победа фудбалерите на Шкупи дојдоа со голот на Омар Имери во 65 минута.

Важен триумф во трката за излез во Европа попладнево забележа Македонија ЃП над градскиот ривал Работнички со што изби на второто место на табелата, а предноста од домашен терен ја искористи и Борец во дуелот против Струга.

Преостанатите три натпревари во рамки на 28. прволигашко коло ќе се одиграат утре, а во случај на победа на Тиквеш во Скопје, Пелистер и математички ќе биде второлигаш.