КК Пелистер – Феникс 2010 100-58
Во првиот натпревар од 6. коло од Суперлигата, актуелниот лидер на табелата, полесно од предвидувањата излезе на крај против младиот тим на Феникс 2010.
Најефикасни во тимот на Пелистер беа Крстајиќ со 18 и Малешевиќ и Ѓуроски со по 13 поени. Битолчани се лидери пред утрешниот дуел на МЗТ Скопје и ТФТ, а победникот на Купот од Тафталиџе е следниот нивен ривал во седмото коло на половина од следната недела.












