ТЕРА

REKLAMA???

БОРЧЕ МАРКОВСКИ ОСТАНУВА НА ФАРСКИ ОСТРОВИ, ЌЕ ГО ВОДИ АРГИР ОД ТОРШАВН

Битолскиот ракометен тренер Борче Марковски, реши да го продолжи својот претстој на Фарски Острови и во новата сезона ќе го предводи амбициозниот проект на Аргир.

Марковски на Фарски Острови две сезони беше тренер на сениорскиот сосав на СТИФ, а покрај тоа под негова контрола беа и младинските тимови на клубот.

Марковски во својата кариера беше тренер на екипите на Жито Прилеп, Преспа, како и на машкиот и женскиот тим на Пелистер. Пред да се пресели на Фарски Острови, две години работеше во школата на Кире Лазаров, КЛ7, а ги водеше и младинските репрезентации на Македонија во женска конкуренција.