ТЕРА

REKLAMA???

ДИЏЕЈОТ ТИМИ ТРАМПЕТ СО МАКЕДОНСКИ СЕТ ЗА ИЛИНДЕН

На годинешниот фестивал „Ohrid calling“ Тими Трампет, моментално најбараниот диџеј , на 9-то место на топ 100 DJMag листата на најдобрите диџеи во светот , во чест на Илинден вклучи три македонски песни во својот сет кој го заврши со „Јовано, Јованке“, а ја пушти и „Слушам кај шумат шумите“. Трампет за првпат имаше настап во регионот и тоа токму на Ohrid Calling.

Оваа година фестивалот се одржуваше од  29-ти јули до 1-ви август на локацијата во поранешната касарна. Годинешното издание на „Ohrid calling“ имаше богата музичка програма со настап на неколку врвни светски ѕвезди од електронската музика или вкупно 22 артисти и беше најпосетена едиција во својата историја после 2018та година, кога настапуваа Димитри Вегас и Лајк Мајк и Армин Ван Бурен.

Охрид и оваа летна сезона е еден од најатрактивните центри во регионот, кој може да се пофали со музичка забава и концертни настани од светски ранг. За овој епитет голема заслуга токму имаат докажаните професионалци од „Авалон продукција“, како главни креатори на фестивалскиот бренд „Ohrid calling“, кој ги носи во Охрид најпознатите ѕвезди од електронската музика. Со организирањето на овој фестивал, Охрид завзема препознатливо место на мапата на музички настани и привлекува бројна публика од цела Европа. Четиридневното случување, значително ја збогатува и туристичката понуда за гостите и туристите кои веќе летуваат во Охрид.

Фотографии Стефан Рајхл.