ТЕРА

REKLAMA???

БОСАНЕЦОТ ХАЏИФЕЈЗОВИЌ ПОТПИША ЗА КК ПЕЛИСТЕР

КК Пелистер за следната сезона се засили со босанскиот интернационалец Сеад Хаџифејзовиќ.

33-годишникот настапува на центарските позиции, а минатата сезона ја мина во Колубара. Хаџифејзовиќ претходно настапуваше и за екипите на Босна Ројал, Черкаси Манкис, Нови Пазар, ЧСМ Галати, Сенкур, Слобода Тузла, Какањ и Вогошча Сараево.

Досега во Пелистер потпишаа Мустафица, Сапунџиев, Јовановски, Ристовски, Двојаковски и Американците Донтеј Карутерс и Рајл Овенс.