Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги објави имињата на сите клубови кои ќе бидат дел од Лигата на шампионите во натпреварувачката 2023/2024. Од претходно беше познато дека македонскиот првак Еурофарм Пелистер има сигурно место во групната фаза, поточно беше на листата заедно со Барселона, Пари Сен Жермен, Магдебург, Кил, ГОГ Гудме, Веспрем, Киелце, Порто и Целје.
ЕХФ пак им додели „вајлд карти“ на ППД Загреб, Алборг, Монпелје, ПИК Сегед, Колстад и Висла Плоцк од Полска.
Спортинг Лисабон, Динамо Букурешт, Шафхаузен и Кристијанштад не добија зелено светло, нивните апликации беа одбиени, ама истите ќе имаат место во Лигата на Европа.
Ждрепката за групната фаза е на 27 јуни во Виена.












