ТЕРА

REKLAMA???

ЕСКЛУЗИВНО СО КАЗУХИРО КОТЕЦУ ПРЕД НЕГОВИОТ КОНЦЕРТ ВО БИТОЛА

Организаторите на фестивалот Интерфест Битола, Милица и Кирил Рибарски, за годинава за битолската и пошироката публика од Јапонија го носат Казухиро Котецу, бас, кој ќе изведе оперски арии и македонски народни песни (Моцарт, Верди, Ј. Христовски, Георгиевски-Калица, В.Илиева) заедно со Камерниот оркестар на Битола под диригентската палка на Владимир Димовски.

Котецу веќе пристигна во Битола и екслузивно за Тера телевизија ги сподели своите впечатоци од градот.

„ Оваа година, 10 години по мојата прва посета, многу сум среќен и почестен што ќе одржам рецитал на меѓународно признатиот и реномиран Интерфест Битола. За мене македонските народни песни се многу носталгични, на пример кога за прв пат ја слушнав „Македонско девојче“, мелодијата се повторуваше во мојата глава околу стотина пати“, ни изјави тој.

Повеќе од разговорот во продолжение.