Да направиш сликовница или баснарка на 120 страни, а ништо да не сработиш за повеќе од 2 години, е понижување и вреѓање на битолчани, велат од ЛДП по одржаниот оитчет на градоначалникот на Битола.
„Сите jавни претпријатија во огромни долгови, без денар инвестиции во опрема! Улиците со дупки како решето! Од стационарот за бездомни кучиња само името и приказната за Хачико остана. Нема ново училиште ! Нема нови водоводи, туки дефекти на старите и поплавена Битола!
Нема нова канализација, туку пропаднати шахти! Нема нов мултифункционален спортски центар! Нема патеки на Тумбе Кафе ! Нови работни места, само партиски во заглавените јавни претпријатија! Копанки остана раскопано! Да не си го сакате толку градот, можете само вие господа од ДПМНЕ“ велат од ЛДП.













