На прашањето дали се обединија, новиот претседател на битолската СДСМ, Методија Куновски вели дека тоа е процес кој што следи и за кој ќе треба да помине извесен период.
„Доколку сите, асполуто сите кога велам, мислам на секој поединец и член и симпатизер, оние кои што се ажурирале и оние кои што се уште тоа го немаат направено, бидат во семејството на СДСМ, тогаш може да зборуваме за обединување, а јас сум сигирен дека сите оние кои што сакаат добро и на СДСМ како партија и на Македонија, ќе дојдат во семејството на СДСМ, ќе се вратат и тогаш обединети ќе можеме да зборуваме за креирање на социјадемократски политики кои што ќе донесат подобар живот за сите граѓаните“ вели Куновски.

Вели дека и тој ги слушнал коментарите на изненаденот од неговото назначување за прв човек на битолската СДСМ.
„Свесен сум за тоа, ги слушам коменатрите и јас се движам низ градот и не сум од оние кои што се некаде во облаци заради фактот што ете добиле чест и можност да бидат назначени за прв човек на СДСМ во Битола. Моето лично видување и мојата перцепција е дека заради фактот што долго време бев позади, не бев во тие кои што сакаат да се сликаат со премиерот, со престедателот на партијата, со било кој функционер кој што ќе дојде во Битола, мојата рабоита беше во секторот комуникации, сум комуницирал со оние кои што биле во тој сектор и секако со функционери и политичари во контекст на обработка и продукција на содржини, веројатно затоа е и изнадувањето, претпоставувам“ вели тој.
Зборувајќи за конгресот на партијата тој вели дека она што се зборувало и вчера биле социјалдемократските вредности и дека можеби во даден момент застраниле од патот на социјадемократијата, а таа како и што тој учел и заради што станал член на СДСМ има три столба: рамноправност, слобода и солидарност.

На прашањето, односно констатацијата дека тие се мнозинство во советот, Куновски ни рече дека тоа не е точно и не праша како тоа мнозинство, а продолжи да зборува дека тоа е една флоскула која што е толку многу излитена……

Факт е дека мнозинството во Советот го прават СДСМ со Поинаку и други, му кажавме на Куновски, а тој вели ајде да ги соочиме фактите.
Во продолжение е целото интервју:












