ТЕРА

REKLAMA???

СНЕГОТ НАПРАВИ ПРОБЛЕМ ВО СНАБДУВАЊЕТО СО СТРУЈА

Во делови од Битола и битолско денеска има прекин во снабдувањето со електрична енергија.

Побаравме информација и од Центарот за управување со кризи од каде велат дека ЕВН информира дека на подрачјето на Општина Битола има прекин во снабдувањето со електричната енергија на повеќе локации.

Издадени се налози за санирање на дефектите и сите екипи се на терен.

СВР Битола во координација со Јавно претпријатие за одржување на магистрални и регионални патишта -подружница Битола работат на отстранување на паднато дрво на улица ,,Студентска” за да може нормално да се одвива сообраќајот.

Во информацијата од ЦУК се вели дека сите прекини се последица на снегот кој наврна и натежнува на електричните кабли и жици во Битола и Битолско.

И претпладнево и попладнево жители од Ротино велат дека по неколку часа биле без струја.