Универзитетот „Св. Климент Охридски“ денеска ги промовираше најновите доктори на науки кои својот трет циклус на студии го посетувале на овој универзитет. Промоцијата веќе традиционално е стартот на прославата на патронатот на универзитетот, годинава во знак на јубилејот 45 години универзитет и 100 години од формирањето на првата универзитетска единица, Институтот за тутун.

Зија Количи доктор по образовни науки, Ален Азари, доктор по образовни науки, Јасминка Секулова доктор во наста ва по јазик, Ардијан Исмаили доктор на науку од областа на безбедноста, Оља Ристова доктор на науки од областа на безбедноста , Илкер Али доктор по компјутерски науки и инженерство , Кристина Јанкулоска Гацоска доктор на биотехничкии науки , Нора Висдик доктор на науки од областа на туризмот, Арјете Зејнулахи доктор на науки од областа на туризмот , Диола Дости доктор на техничко-технолошки науки од областа на храна и иновативни технологии,
Денеска беа промовирани како академски граѓани кои го поседуваат највисокиот образовен степен во државава за кои предхотно, според востановената практика менторите дадоа образложение за нивните докторски трудови , оправданоста, истражувањата, практичната примена.

„Имаме дисперзија, немаме доминација на една единица, што не радува дека сите единице се развиваат, даваат докторски дисертации, има интереес за студирање на трет циклус и добивање степен Доктор на науки, така што тоа посебно ме радува што сите единици се активни во овој процес.“ – вели ректорот проф.д-р Игор Неделковски.
Веќе стана традиција двапати во текот на академската година УКЛО да ги промовира своите доктори на науки. Овоаа втората годишна промоција како почеток на одбележување на патронот Светиот Климент Охридски. Ректорот Неделковски за календарската година што изминува издвои два најсветли моменти од работата на Универзитетот.

„Секако главни две работи се зголемениот број на студенти и започнувањето на КОЛОРС Алијансата, членството на нашиот универзитет. Веројатно тие се и меѓусебно директно поврзани бидејќи на новите генерации на студенти ќе им овозможиме да преку размена на кадар да можат дел од наставните обврски ги извршуваат на универзитете членки на Алијансата. “ – издвои рекоторот Неделковски.
Уште два процеси се значајни за УКЛО како македонски, балкански и од годинава Универзитет со европски во својот предзнак – изборот на најдобар научник и изборот на најдобар студент, што силно придонесуваат за реномето во државата.

„Веќе втора година доделуваме на најдобрите и најплодните научници по критериум објавени трудови во престижни меѓународни референтни бази , тоа е СКОПУС базата; нешто што се најавува од политичките фактори како некој нов правец во високото образование во блиска иднина, ние сме започнале со таа пракса да ги наградуваме оние професори кои објавуваат трудови во СКОПУС базата. А доделувањето на пофалници и награди на најдобрите студенти е пракса која долго време е присутна на нашиот факултет и ние ја продолжуваме.
Одбележуваме 45 години од кога е основан Универзитетот како посебно правно лице со здружување на 8 тогашни единици, но велиме 100 години од почетокот со работа , односно основањето на научниот институт за тутун којшто е во тие 8 основачи на Универзитетот, затоа со полно право можеме да кажеме дека јубилејот на научниот Инситут за тутун е и јубилеј на Универзитетот. Универзитетот не го прават зградите, не го прават актите, не го прават формални одлуки, го прават луѓето, а тие луѓе кои работеле во тие години на тој институт продолжиле потоа под капата на универзитетот , нивните наследници денеска работат на современиот научен институт и затоа со полно право велиме дека одбележуваме два јубилеи.“ – рече денеска за медиумите ректорот Неделковски, кон утрешната свечена академија за патронатот, за која е потврдено и присуството на претседателката проф.д-р Гордана Силјановска -Давкова.

„Посебно ни прави чест што нашата претседателка проф.д-р Силјановска-Давкова прифати да ни биде гостин, да се обрати до студентите, до вработените….Фактички тоа е една голема потврда од државата, од водечкиот човек во државата дека овој универзитет е високо ценет не само надвор туку и во домашните органи и од функционерите. “ – одговори Неделковски на новинарско прашање.
УКЛО е најзначајната образовна институција во високото образование во регионот на Југозападна Македонија, членка на универзитетската Алијанса КОЛОРС што нуди хетерогена образовна понуда, низ различни академски дисциплини и стручни програми организирани во прв, втор и трет циклус на студии.













