ТЕРА

REKLAMA???

ДЕНЕСКА МНОГУ ВИСОКО ЗАГАДУВАЊЕ

Мерната станица на Министерството за животна средина денеска во 15:00 часот во Битола регистрираше многу високо загадување во центарот на градот со ПМ 2,5 честичките и високо загадување со ПМ 10 честичките.

Во истото време мерната станица Битола 1 во индустрискиот дел на градот измери средно загадување со ПМ 2,5 честичките .

Според податоците во 15:00 часот само во Битола од сите градови во Македонија е регистрирано многу високо загадување. Во две скопски општини имаше високо загадување, Карпош и Центар, како и во Кичево, Тетово и Струмица.

Вчера Министерството за животна средина и просторно планирање информираше дека според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиенталниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеоролошки работи, прагот на алармирање на суспендирани честички со големина до 10 микрометри (надминување на вредноста од 150  mg /m3 во текот на два последователни денови) е надминат на мерното место Битола – Битола 2. И кажаа кои мерки треба да се преземат.