Наесен се локалните избори, значи дека ова е изборна година, а тоа значи дека и партиите веќе прават некакви комбинации и за идниот состав на Советот и за тоа кој ќе биде кандидат за градоначалник.
Новиот координатор на СДСМ, Петар Николовски го прашавме за една прогноза, иако можеби е далеку, дали ќе ги победат ВМРО ДПМНЕ на локалните избори?
„Сигурно, со оваа политика и овие проeкти што ги реализира, мислам дека граѓаните како што не казнија нас во 2021 година дека не бевме доволно ефективни, иако повеќе имавме направено од нив, со овие резултати мислам дека граѓаните ќе препознаат дека градоначалникот Тони Коњановски и мнозинството на ВМРО ДПМНЕ, не заслужуваат да добијат втора шанса“ рече советникот Николовски.












