Националниот Парк „Пелистер“ денска реализираше собир на научници и практичари од областа на шумарството на тема: „Превентивни решенија за справување со последиците од снегоизвали, ветроизвали и снеголоми и Ревитализација на старата моликова шума во Националниот парк Пелистер.“ Рекоа, ревитализациајата на шумата кадешто моликата е детерминирана како вид не смее да стане политичко прашање, туку треба да ги обедини сите.

На старата моликова шума и е потребна помош, а денеска во Битола на темата како да се реши се повидливиот проблем НП Пелистер организирање собир на експерти, директно и индиректно вклучени и во заштитата на животната средина и во работата на државните институции кои следат дали се почитуваат законите за заштита и законите според кои моликата е заштитено добро, а НП Пелистер природно наследство ( како што пишува во Уставот). Присуствуваа експерти од НП Пелистер, професори на Шумарскиот факултет при УКИМ, инспектори од Државниот инспекторат за животна средина и природа, претставници на Општина Битола, претсавници на неколку невладини организации со мисија заштита на животната средина.

Моликовата шума се наоѓа на надморска висина од 800 до 1.500 метри надморска висина, и сега се согледува дека состојбата е алармантна – ветер и снег дојдоа како опомена од природата, вели директорот Тошевски, кој информира дека на потегот од Магарешка Река до Ротинска река моликовата шума манифестира физиолошка зрелост, неможе сама да се обновува и е исклучително подложна на климатсеките промени.


Или, Три проблеми има моликата на Пелистер
- Стара е меѓу 80 и 200 години
- ‘Ртливоста на семето е 30%
- Густо наредените стебла не оставаат светло, а со тоа ниту услови за да порасне младо стебло, ако воопшто започне да се развива, без разлика дали зимите сега се пократки, а жешките лета подолги.

Ренџерите во изминатиот период ги расчистуваат патеките по кои се движат туристите, но целата дрвна маса е оставена на местото. Надлежниот инспекторат вели дека веќе започнале да издаваат решенија за нејзино отстранување од местото.


Државните органи се мобилизираат, инспекторот за животна средина ги повика и од министерството за животна средина да се ангажираат повеќе, затоа што како што рече, тие ги гледаат и одобруваат плановите за раобота на националните паркови.


Директорот Иванчо Точевски е внимателен, вели не постои проблем кој неможе да се реши и доколку постои силна воља и проактивност и свесен е дека се ќе минува низ две различни категории временски определени мерки – краткорочни и долгорочни.

Мерките неможе да се применат во два дена, туку во 3, 4 или 5 години, а резултатите да се очекуваат по 5,6,10 години. Процесот треба да започне, а ќе минува низ неколку фази – пребројување, проверка на квалитетот на стеблата нивната старост и нивниот генетски квалитет, отворање на отвори кои ќе овозможат светло за семенскиот материјал кој ќе биде посаден , а потоа и грижа за новите млади молики, од габите, животните и, кај нас, и од човекот.


Инаку, светот кој во далечната 1969 година, а и подоцна зеле примероци од Македонскиот бор, односно нашата молика, во изминатиот период од 50тина години правеа опитни засадувања на моликовото семе и дошле до заклучокот дека моликата е благородно дрво кое може да се развие на деловите од нивните планини кадешто имало губење на шумите (дефорестација).
повеќе од изјавите на присутните во врската која води до YouTube












