ТЕРА

REKLAMA???

ВМРО ДПМНЕ: ЗАБРАНА ЗА ПИРОТЕХНИКА И ВИСОКИ КАЗНИ ЗА ПРИСУСТВО НА МАЛОЛЕТНИЦИ

Забрана за употреба на пиротехнички средства во затворен простор и зголемување на глобите за физички и правни лица се предлага во измените и дополнувањата на Законот за прекршоците против јавниот ред и мир кој е на дневен ред на денешната нова 42-ра собраниска седница.

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Бојан Стојаноски во интервју за Канал 5 телевизијата рече дека пратеничката група во изминатите денови поднесе  22 закони, меѓу кои е и Законот за одржување на јавен ред и мир, кој има за цел да спречи слични трагедии во иднина, вклучувајќи и зголемување на казните доколу малолетници бидат затекнати во угостителски објекти.

,,Поднесовме во изминативе пет дена 22 закони, меѓу кои што еден од тие закони беше и поврзан директно со оваа материја, односно да се спречат вакви трагедии во иднина. Конкретно Законот за одржување на јавен ред и мир, каде што се забранува од овој момент натака да се користи пиротехника во затворен простор“, прецизираше Стојаноски.

Стојаноски исто така нагласи дека казните ќе бидат зголемени дури десет пати повеќе, доколку малолетници бидат затекнати во угостителски објекти.