По примерот на светските универзитети кадешто универзитетските спортски натпревари се врвните во државите непосредно пред професионалното спортување, универзитетот Свети Климент Охридски од година во година е се поуспешен и во организирањето на натпреварите, мотивацијата на академијата и признанијата со кои ги слави високите достигнувања. Денеска ректорот Неделковски организираше прием за пинг-понгарите и тенисерите.

Приемот како укажуавње на чест на славните, победниците или како формат на официјална а свечена средба беше искористен денеска во просториите на ректоратот на универзитетот Св. Климент Охридски. А почесните гости беа тимот на пинг-понгарите студенти на УКЛО и победниците на турнирот во тенис. Ова е признание за стимулација и натаму да се активни и во студирањето и во спортот, вели ректорот, кој денеска им додели благодарници и беџеви, ги прогласи за Амбасадори на Универзитетот.



Даниел Зхоу Главевски е државен првак во пинг-понг. Студент е на ФИКТ, а со својот колега Антонио Велјановски и колешката Јана Голабоска направија висок пласман на годинешното Државно првенство во пинг-понг што се реализираше пред нецел месец. Главевски го освои турнирот – освои прво место, Велјановски го освои третото место, а Голабоска пак го освои 4то место во својата конкуренција.



Тенискиот турнир пак како најсвеж од спортските настани на кои учествуваат студентите од обој универзитет не остана без внимание. Особено затоа што впечатоците сеуште се силни – и кај победниците и кај поразените. Ние, зборувавме со победниците. Игор Пејчиновски – победник кај студентите, проф. Д-р Младен Караџоски – победник кај професорите сосе администрација и прф. Д-р Викторија Стојковски, со освоено трето место во натпреварите против жените и мажите професори кои учествуваа.


УКЛО го организираше и овој тениски турнир со помош на тенискиот клуб Чакулевски. Натпреварите завршуваа со 7 Ч 6 и траеја по 1,5 саат. Тоа посочува дека турнирот го буди натпреварувачкиот дух кај учесниците. И годинава тие кои немаа опрема, ја добија на терен.

Приемот беше добра прилика да се осознае за да се промени – дека спортот ги води младите кон избор на животен и професионален пат со самодокажување , а не со само деструкција. Битола треба да понуди уште повеќе спортски терени за колективни и индиидуални спортови. За Чакулевски, и тениски игралишта кои ќе овозможат организирање на градски првенства. Последното било организирано пред 15-20 години. И тоа е вложување во младата генерација која не се исселува од државата ами останува тука – тука студира, тука формира семејство, тука придонесува за развој на сите. Прозвучи и неформалниот апел да се вложува во децата кои останале овде.

За плановие за следната година на УКЛО и изјавите на победниците – преку врската подолу што ве носи до YouTube.












