Во врска со како што велат од ЕСМ, континуираните дрски и лажни обвинувања од СДСМ – уништувачите на македонскиот енергетски систем, ја информираат јавноста дека Техно Коп Плус ДООЕЛ Битола е избрана за компанија за технолошко чистење, откако ги исполнила сите наведени критериуми по јавниот повик.
„Овој понудувач, понудил за 30% пониска цена од досегашната договорна. Иако одлуката е донесена, договорот сè уште не е потпишан поради тековната жалбена постапка. Договорот ќе биде склучен по истекот на овој период“ стои во реакцијата од ЕСМ на денешната прес конфернција на СДСМ.
Понатму се вели дека во однос на испадот на Блок 2 од мрежата, сакаат повторно да нагласат дека немаше хаварија, туку извесно било дека се случила саботажа и дека целиот настан во моментов е предмет на истрага од надлежните институции.
„Во меѓувреме, додека технолошкото чистење од надворешни изведувачи е во прекин, преземаме проактивни мерки за внатрешно справување со сите отворени прашања“ велат од ЕСМ.
Додаваат дека се вложуваат максимални напори за повторно ставање во функција на Блок 2 и Блок 3. И двата ќе бидат за многу кратко време спремни за синхронизација на мрежата, а кој од нив ќе влезе, ќе одлучи раководството на РЕК Битола. Во овој период заради обемот на конзумот, немало потреба, како што велат да “возиме” со 2 блока.
Во меѓувреме снабдувањето со електрична енергија во државата е целосно обезбедено. Ова се постигнува преку ТЕ Осломеј, зголеменото производство од хидроелектраните на АД ЕСМ, како и преку балансирана набавка и продажба на ел. енергија преку МЕМО.












