Караванот „До вас, за вас“ на Бирото за јавна безбедност викендов беше во Битола. Целта е едукативни интерактивни активности за граѓаните на тема превенција на криминалот, како и грижа на заедницата.

На плоштадот „Гоце Делчев“ поставена беше дел од опремата и средствата со кои располага македонската полиција.

На настанот дојде директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, придружуван од началникот на СВР Битола, Сашо Мирчески, градоначалникот на Битола, Тони Коњановски и неговиот заменик Бојан Бојкоски.

„Го започнавме лани во октомври од Струмица. Поминавме неколку градови, ова е дел од низата која што е конципирано отприлика да трае година ипол, сега некаде сме на средината од имплементацијата на овој караван. Целта на овој караван е да се доближи што поблиску капацитетот, знаењето, техникава, опремата со која што располага македонската полиција до граѓаните и да сфатата, односно да разберат граѓаните што се, односно кои се браникот нивни, т.е. луѓето кои што се грижат за нивната безбедност, луѓето кои што се тивките херои на градовите и на целата држава, кога сите ние спиеме, тие се на првата линија на безбедноста. Поентата е да ги анимираме што поголем број од младата популација во идина да имаат идол во некој одреден полициски службеник, со цел во иднина да бидат дел од капацитетите на полицијата со кои што ние располагаме“ рече Александар Јанев, директор на Бирото за јавна безбедност.

За овој караван, директорот Јанев кажа дека безбедноста не е само задача, туку заедничка одговорност.

„Полицијата е овде за граѓаните, полицијата е платена од парите на граѓаните и полицијата има единствена опција и мисија да служи на граѓаните. Тоа што често пати го зборувам на колегите, ние не сме овде да владееме, туку да служиме. Тоа е мотото што го барам јас како директор на Бирото за јавна безбедност, го манифестирам цело време и заедно со останатото лидерство и заедно со министерот кое што го негуваме и традиционално го применуваме и секојдневно им го кажуваме на сите полициски службеници“ вели Јанев.

Директорот на Бирото за јавна безбедност беше и во посета на СВР Битола, прилепската полиција и полицијата во Кривогаштани, а исто така и во Општина Битола каде имше средба со Коњановски во неговиот кабинет.

„Имавме темелен разговор во делот на проблемите и предизвиците кои што ги мачат генерално граѓаните на Битола и самата општина како локална власт овде. Разговаравме за многу идие, за многу решенија, знаеме дека има проблеми од типот на сообраќај, од типот на инфраструктура, пешачки патеки, велосипедски патеки, за кои што општината интензивно инвестира. Ние сме овде да помогнеме и полека полека да ја креваме сообраќајната култура на сите чинители во сообраќајот, дали сме пешаци, дали сме велосипедисти, дали сме тие што управуваме мотоцикли или сме возчи на возила или товарни моторни возила“ кажа тој.

Јанев кажа дека разговарале и за проектот „сејф сити“. Коњановски рече дека имале исклучителна средба со директорот на Бирото за јавна безбедност и началникот на СВР Битола. И Коњановски кажа да разговорите за „сејф сити“, а на плоштадот каде што беше изложена дел од опремата и кај него таа пробуди интерес.

„Ја видовме дел од опремата која еве и јас лично, претпоставувам и многу млади, за нив најмногу е наменет овој караван, „До вас, за вас“ да ја видат оваа опрема која често ја гледаме на филмовите, меѓутоа немале прилика во живо тоа да го видат професионални луѓе. Кажа директорот, сервис за граѓаните се тие, сервис за граѓаните е локалната самоуправа, ние сме на истата страна и буквално му го кажав она што е мојот впечаток, претпоставувам и вашиот ,високиот степен на доверба која граѓаните ја имаат во министерството, припадниците на овие единици и она што ние во градот го среќаваме. Јас ги замолив да бидат поприсутни, да бидат меѓу граѓаните, тие се така. Имаме одлична соработка и со одделението за првенција и во Советот за превенција кој функционира во состав на локалната самоуправа, многу точки од заеднички интерес“ рече градоначалникот на Битола, Тони Коњановски.

Им се заблагодари за опремата и средствата кои беа покажани, а Коњановски најмногу како да се задржа кај дроновите.

„Јас верувајте благодарен сум на овој митинг на опрема, на средства кои ни ги покажаа тука“ рече Коњановски.
Го прашавме што кај него најголем интерес предизвика?
„Па еве кажавте и вие, можеби дроновите кои што се сега актуелни, со кои може термалните камери, она што го прави крим техниката во делот на целата онаа софистицирана опрема што ја имаат, секако и нуркачката опрема која во Битола не може да се примени, меѓутоа сето она останато, алпинистичката опрема, таа може, велам многу пријатна средба со припадниците и јас им благодарам за интеерсот“ рече Коњановски.

„Продолжуваме во служба на народот. Македонија има полиција што гледа, што слуша и што чекори блиску до секој граѓанин“, истакна директорот на Бирото за јавна безбедност.












