ТЕРА

REKLAMA???

ИЗГАСНАТ ПОЖАРОТ КАЈ ИНФЕКТИВНОТО ОДДЕЛЕНИЕ, ГОРЕЛА СУВА ТРЕВА

Градоначалникот на Битола Тони Коњановски вечерва со директорката на Клиничката болница-Битола, Д-р Ненси Лозанче излегоа на терен каде беше опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение.

„По добиената информација за опожарена тревна површина во кругот на Инфективното одделение при КБ “Д-р Трифун Пановски”, заедно со директорката Д-р Ненси Лозанче излеговме на терен каде ТППЕ Битола веќе интервенираше и ја локализира и угасна опожарената површина. Со брзата интервенција на противпожарната единица и поддршка од обезбедувањето на болницата, спречено е ширење и опожарување на околните објекти и не е причинета матерјална штета“ објави Коњановски.

И командирот на противпожарната едница на Битола, Христијан Тодовски рече дека пожарот е изгаснат и нема никаква опасност, горела сува трева.

Фото: Градоначалник на Битола