Градоначалникот на Новаци, денес и утре присуствува на Меѓународната конференција за регионален развој на тема: „Регионалниот развој во динамично променлив свет – Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“, што се одржува од 8 до 9 јули 2025 година.
Конференцијата е организирана како дел од активностите на Проектот: „Одржлив и инклузивен рамномерен регионален развој“ – фаза II, кој го спроведува Министерството за локална самоуправа, со поддршка на Владата на Швајцарија.

Во воедниот дел се обратија претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, министерот за локална самоуправа, Златко Перински и амбасадорката на Швајцарија Вероник Улман.

На конференцијата ќе се опфатат важни теми како: Праведен раст и посилни региони, со учество на министри, претставници од министерства и агенции од Македонија, Словенија, Србија и Хрватска. Иновации во дигитализацијата, каде ќе се презентираат успешни примери од општини и и ќе се претстават перспективите за иднината. Интегрирани структури и финансирање за полицентричен развој, со вклучување на развојни агенции од регионот. Политики што трансформираат, фокусирани на решавање на клучните предизвици во регионалниот развој.

„Веруваме дека иднината навистина започнува локално. Ќе продолжиме да се залагаме за поодржлив, поповрзан и рамномерно развиен регион, каде секој граѓанин ќе има еднаква можност за квалитетен живот“ вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.
На конференцијата учествуваат градоначаниците од регионот, а битолскиот градоначалник Коњановски на својот фејзбук профил објави дека е во Гевгелија како дел од дводневната Меѓународна конференција за регионален развој на тема: „Регионалниот развој во динамично променлив свет Иднината започнува локално: Новата визија за одржлив и рамномерен развој“
„Оваа конференција е одлична можност за размена на искуства, идеи и визии за тоа како локалните заедници можат да бидат двигатели на одржливиот развој и подобар живот за сите граѓани“ вели Тони Коњановски, градоначалник на Битола.

На конференцијата учестува и директорот на Центарот за развој на пелагонискиот плански регион Јосиф Балтов.












