ТЕРА

REKLAMA???

ПОПЛОЧЕН ДВОРОТ НА МАНАСТИРОТ ВО ТЕПАВЦИ

Општина Новаци соопшти дека завршено е поплочувањето со 400 метри квадратни бехатон плочки на дворот на манастирот „Св. Архангел Гаврил“ во селото Тепавци.

„Средствата од околу 700 000 денари се обезбедени од буџетот на Општина Новаци. Продолжуваме да се грижиме за религијата, црковното и културното наследство кое е наш идентитет“ вели градоначалникот на Новаци, Стевче Стевановски.