Во геријатрискиот завод „13 ноември“ – Сју Рајдер Битола поставена е и веќе е во функција нова опрема за доплер прегледи на граѓаните од целиот регион. Со оваа амбуланта за кардиоваскуларни прегледи се зголемува капацитетот на оваа специјална болница за медицинско-диијагностички услуги кои освен резидентите на болницата , фондовски може да ги користат и нерезидентни пациенти.

Денеска во ЈЗУ Специјализирана болница за геријатриска и палијативна медицина „13 Ноември“- Скопје , во одделението за палијативна медицина – Хоспис „Сју Рајдер“ Битола официјално во функција беше ставена регионалната амбуланта за колор дуплекс доплер на каротидните крвни садови – неинвазивен дијагностички тест што се користи за проверка на циркулацијата на големите артерии во вратот. Прим. Д-р Ленче Нелоска, в.д директорка на специјализираната болница за геријатрија на официјалната средба со градоначалникот ги претставу аргументите во прилог кон оправданоста за отворање на ваквата амбуланта. Услугата ќе се користи преку „Мој Термин“, термините се оформени, може да се користат од следната недела. – рече д-р Нелоска.

Битола со своите 80тина илјади жители и географската поставеност е центар околу кој гравитираат околу 250 илјади граѓани од пелагонискиот регион и уште толку од пПреспанскиот. Според возрасната структура не се отклонува од македонскиот стандард, секојдневно се зголемува животниот век и со тоа и потенцијалните здравствени проблеми кои може да се појават. Хосписот постои долго време, а оваа амбуланта ќе ги поодобри состојбите за граѓаните од регионот, рече градоначалнот Тони Коњановски.

Тој денеска зборуваше и дека приоритет на донесувачите на одлуки е да се направат доволно капацитети преку кои може да се органзира и социјалниот живот на возрасното население, на што Д-р Неловњска кажа дека владата планира изградба на капацитети за медицинско згрижување во сите општини во државата, на што ќе претходни демографска проценка врз чија основа ќе се определат и натамошните чекори.

Повеќе во прилогот подолу што ве води до YouTube.












