Здружението на пензионери Битола објавува оглас за издавање под закуп на една гарсониера на ул. Булевар 1ви Мај бр. 268/61.
За учество на огласот заинтересираните пензионери треба да достават молба до Здружението на пензионери Битола.
Кон молбата се приложуваат следните документи:
• Талонче од последна исплатена пензија
• Уверение за матерјална состојба
• Уверение за семејна состојба (кај Нотар)
• Уверение од Агенцијата за недвижности (Катастар) дека не поседуваат куќа или стан во сопственост
Огласот е објавен во весникот „Нова Македонија“ а ќе трае од 14.07.2025 заклучно со 18.07.2025 година.
Молбите се доставуваат до Здружението на пензионери Битола лично до стручната служба или преку пошта на адреса ул. Булевар 1ви Мај бр. 268.












