Битолската полиција соопшти дека на 12.07.2025 во 03.17 часот, во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Борис Бастерот” во Битола настанал пожар во барака при што од пожарот се зафатиле и три патнички возила „рено” и „цитроен” со битолски регистарски ознаки и „рено” со скопски регистарски ознаки.
Пожарот бил локализиран од страна на Територијалната против пожарна единица Битола.Во пожарот повредени лица нема, причинета била материјална штета.
Увидот го извршила увидната екипа на СВР Битола.












