ТЕРА

REKLAMA???

ТРАМП ВОВЕДЕ ЦАРИНИ ОД 30 ОТСТО НА УВОЗОТ ОД ЕВРОПСКАТА УНИЈА

Aмериканскиот претседател Доналд Трамп воведе царини од 30 отсто на увозот од Европската унија, кои ќе стапат во сила од 1 август.

Новите царини се објавени во писмо што Трамп го објави на социјалната мрежа Трут Соушл.

„Ве покануваме да учествувате во извонредната економија на Соединетите Држави, пазарот број еден во светот, далеку пред сите. Со години разговаравме за нашиот трговски однос со Европската унија и заклучивме дека мора да се оддалечиме од тие долготрајни, големи и упорни трговски дефицити, предизвикани од Вашите царини и нецарински политики и трговски бариери.

Нашиот однос, за жал, е далеку од реципроцитет. Почнувајќи од 1 август 2025 година, на Европската унија ќе ѝ наплатуваме царина од само 30 проценти на производите од ЕУ што се испраќаат во Соединетите Држави, независно од сите секторски царини. Стоката што се обидува да се извезе за да се избегне повисока царина ќе подлежи на таа повисока царина. Имајте предвид дека 30 отсто е значително помалку од она што е потребно за да се отстрани разликата во трговскиот дефицит што го имаме со ЕУ“,стои меѓу другото во писмото од Трамп.

МИА