ТЕРА

REKLAMA???

ИТАЛИЈАНЕЦ ГО НАПРАВИ НАЈТЕНКИОТ АВТОМОБИЛ НА СВЕТОТ

Автоматизирани, полу-автоматизирани или механички, автомобилите уште од времето на Форд се произведуваат под одредени стандардни димензии. Така потоа и сообраќајните инженери ги планираат, а градежните ги градат патиштата, локалната самоуправа и паркинзите. Арно ама понудата некогаш е недоволна, а потребата за движење со возило низ тесни сокаци – голема. Тогаш ви треба тенок автомобил.

Италијанскиот механичар и јутјубер Андреа Марачи „претвори“ Фиат Панда од 1993 година во најтенкиот автомобил во светот што е исправен за возење! Таканаречениот „рамен фиат“ изгледа како нешто создадено од вештачка интелигенција, но тоа е вистинското дело на млад автомеханичар кој сакал да го изгради најтесниот автомобил за возење во светот. Иако ги задржува повеќето делови од Фиат Панда од 1993 година, специјалниот модел на Андреа Марачи е широк само 50 сантиметри, со доволно простор за возачот и едно предно светло за да му помогне на возачот да гледа ноќе. Го создавал 12 месеци – една година, рачно го обликувал „рамниот фиат“ користејќи „9рн% оригинални делови“ па и ги задржал четирите тркала.  Целосно електричниот „рамен фиат“ е висок 145 см, долг 340 см и широк само 50 см, со занемарлива тежина од само 264 килограми.

Автомобилот достигнува максимална брзина од само 15 км/ч и има автономија на батеријата од 25 км со едно полнење. Ова  не се најимпресивните бројки, но од друга страна, рамниот автомобил е  само луд проект дизајниран да привлече внимание и да го промовира бизнисот со отпад на Марачи.

Не бидете премногу негативно критички настроени кон овој автомобил, и Смартот за многумина изгледаше глупаво но денеска соработката на Своч и Мерцедес Бенз од 1994 година резултира со најпопуларното електрично возило што се произвоедува во Кина, а се движи низ Европа.