На почетокот на месецот на барање на граѓанин направивме прилог во новиот пазар. Јавен, општински, со кој стопанисува ЈП Пазари.
И денеска пазарџиите не упатија сами да видиме, не беа расположени за разговор пред микрофон. Нашата проверка продолжи на истите места како и пред две недели.
Скалите кои водат од паркингот во објектот, освен на основата – ќе ја употребам фразата на пазарциите – видете сами.

Контејнерите чисти, освен металната корпа за картонски кутии. И ова е од пет часот утринава кога според зборовите на директорот Џаревски, се мие новиот пазар и се прават пoдготовките за прием на земјоделците, продавачите на текстил и купувачите.
Од другата страна видлива e потребата за довршување на косењето сосе метење.
Паркингот пак простор за картони со смет, и по некое најлонче што не лета – оти нема ветер денеска.
И денеска го забележавме еден од тројцата чистачи кои ги ангажира ЈКП Пазари. А и пазарџиите не знаат за други.
Тоалетот – постојано треба да се чисти. Кој не верува, еве доказ. Се третира со силно хигиенско средства, ненамерно го откривме на пат кон единственото јавно ве-це во новиот пазар.

Скалите , архитектонската бариера меѓу зелениот пазар и првиот кат на објектот – изгледа се ничија земја, па состојбата е слична како и пред две недели и покрај организираната акција на миење во пазарните денови. Остатоците од човечки течности сеуште доминираат,
… иако сопствениците на дуќаните љубезно замолуваат ….. ( да не се уринира по ходниците) …. состојбата не се менува.

Што води до нови размисли – најпрвин за индивидуалното домашно воспитување, прашањето – од кога новиот пазар не е варосан ( на пример), дали за да биде чисто над објектот треба да се стави метална мрежа или стаклено ѕвоно (само велам).
Или, видно од приложеното, состојбата е доволно добра за добар сон на кучињата.
Повеќе за денешната состојба во прилогот подолу, врската ве носи до YouTube.












