Скопјани деновиве се соочуваат со се поголем проблем – трошат вода наголемо, па скопското јавно претрпијатие се закани со потребата од рестрикција. Битолчани засега го немаат овој проблем, но штедењето вода како да е составен дел само од градското живеење.

Битолчани за разлика од скопјани се внимателни кон водата как природен ресурс, но и кон услугата што ЈКП Водовод нуди – довод на питка вода во секое домаќинство. Сепак и во општина Битола има злоупотреба, повеќе во месните отколку во урбаните заедници. Се троши само 100 литри повеќе во секунда вода споредувано со другите календарски сезони, што е добар скор на битолчани.
„Како и сите водоводи во Република Македонија и „Водовод“ Битола има исти проблеми , има голем азлоупотреба на чистата вода за пиење за наводнување на земјоделски површини, но тоа е повеќе во руралните средини кадешто сенаводнуваат бавчи, земјоделски површини итн. Во врска со тоа правиме редовни контроли за колку можеме да го намалиме тој проблем и паушално ги казнуваме на сметките.“ – вели денеска за ТЕРА Андреј Гинов, директор на ЈКП „Водовод“.
Општинскиот инспектортат кој е во вонредни инспекции ова лето ќе треба да ја забележи и оваа состојба затоа што во нив е силата за санкционирање на несовесните трошаџии на вода. Но, директорот Гинов уверува дека Битола има доволно вода и не треба да се пројавува повеќе од нормална загриженост односно совесност во користењето на водата.

Честите информации за дефекти и работа на екипи во било кое време од деноноќијата се карактеристиката на Водовод се резултат на различните градежни активности, но и староста на цевките. Притисокот во висококатниците е поврзан со големината на резервоарот кој служи и за центарот на градот и околните села. Само во зградите во населбата Стара Болница и на ул Нико Фундали се јавува проблем, хидрофорите им се расипани или укратени вели директорот Андреј Гинов.
А Хидрофорите се обврска на станбените сервиси односно станарите на висоококатниците, не на водоводното претпријатие. Годинава нема проблеми ниту во градските населби кои се на повисок надморска висина од Широк Сокак.
Топлите денови стануваат се потопли, водата ќе биде уште попотребна. Оттука, директорот Гинов иако горд на односот на своите битолчани не пропушти да потсети – водата внимателно, рационално да се користи.
Жителите на ул.Кире Костадиновски- Горно Оризари, Раштанска, Раштани,.Крклино, Кукуречани ,Црнобуки, Драгожани, Могила, Будаково, Трап, Алинци, Добрушево,Мусинци, Далбеговци во текот на оваа недела цел ден беа вода. Градежните активности на водоводната мрежа е основата за тоа и ЈКП Водовод ги ублажи последиците со навремено информирање и поставувгање цистерна со вода во текот на работите.
“Таму се прави нова водоводна линија Ф400, нов цевковод што се спојуваше со стар цевковод ф400 -челик, затоа беше застојот во водоснабдувањето“ – објасна Гинов.

Водоводната мрежа во Лавци, на булеварот 1 Мај, континуираните активности во касарната, активностите на секое од градилиштата низ градот и одржување на водоводната мрежа се секојдневните активности со кои се занимаваат во ЈКП Водовод. Вода трошат сите и сите мора да ја штедат. Според одредени кампањи за заштеда на вода се дошло до сознание дека од вкупната вода којашто се користи во домаќинствата само 4% се користи за пиење и готвење. 40% оди на тушевите во капатилата, 30% на водата во тоалетите, по 13 проценти – на машините за перење, облека и садови.












