35 години од основањето на ОК ВМРО-ДПМНЕ Битола. По тој повод претседателот на општинскиот комитет Пеце Милевски вели дека овој јубилеј го посветуваат на заедништвото во продолжувањето на битката на Битола, за уште една голема победа.
„Овој триесет и петгодишен јубилеј на ОК ВМРО ДПМНЕ Битола го посветуваме на заедништвото во продолжување на битката за Битола, на уште една голема победа и потврда дека политиката мора да се темели на интересите и потребите на граѓаните – на напредокот и развојот на Битола.
Идејата за национално ослободување, пркос и непокор, битката за идентитет и опстојување денес е битка за градење на темелите за подобра иднина на Битола и битолчани. ВМРО ДПМНЕ своето политичко дејствување и платформа ги постави на изворот на огромната желба за силна идентитетска потврда, потврда на националното достоинство и економски развој и унапредување на Македонија.
Денес, по 35 години ВМРО ДПМНЕ водено од незапирливата потреба и гласот на народот е одлучно во битката за обновување на Битола и Македонија, градење темели кои ќе бидат гаранција за подобра иднина за сите. За заедничка ПОБЕДА, за Битола“ вели Милевски.












