ТЕРА

REKLAMA???

ЗЕЛЕНО СВЕТЛО ЗА ДОГОВОР СО ОДБОЈКАРСКИОТ КЛУБ

Пред советниците на последната седница се најде и одлуката за давање овластување на градоначалникот на Битола да потпише договор за финансиска поддршка со одбојкарскиот клуб „Пелистер“ Битола.

Претходно оваа точка беше и на комисиски расправи. Советникот Корлевски кажа дека за ова имало три проблеми, освен финансискиот, го спомена и просторниот.

Бојкоски кажа дека финансискиот товар кој што го презема општината е 2 милиони денари за натпреварувалчка сезона или согосно договор 4 милиони за двете натпреварувачки сезони, а реплицираше на Корлевски со пример од минатот.

Тој кажа дека одбојкаркиот клуб има направено финансиска рамка со која од 7 милиони денари, пет милиони ги обезбедуват од спонзори и помагатели, а 2 милиони денари треба да ги обезбеди градот Битола.

Претседателската на Советот, Илеиевска со предлог и со останати женски клубови од градот да се склучат вакви договори. За нејзиниот предлог гласаа 15 советници. А, Коњановски едногласно доби овластување да потпише договор за финансиска поддршка со одбојкаркиот клуб „Пелистер“ Битола.