На синоќешното свечено обраќање на „Фстивалот на жетвата“ во Општина Новаци, министерот за земјоделие Цветан Трипуновски, рече дека настанот е симбол на нивната визија за силна земјоделска држава и истиот го поддржува Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство во соработка со Општина Новаци.

„Нашата цел е јасна, наместо да увезуваме, да избираме домашни земјоделски производи и преработки од истите. Од Новаци ги повикав сите земјоделци, земјоделски задруги и преработувачи да се регистрираат на дигиталната платформа – www.makedonskonajdobro.mk. Да ја поддржите кампањата „Македонско најдобро”. Традиционалните настани и манифестации ќе продолжиме да ги поддржуваме, бидејќи преку нив ќе се зачува нашата традиција и ќе се промовира локалниот туризам“ вели Трипуновски.



















