Народниот театар- Битола ви приредува вечер каква што досега не сте доживеале! Под отворено небо, крај езерото, се сретнуваат љубовта, смеата и јазикот на Карло Голдони во прекрасната комедија „Рибарски караници“, велат од битолскиот театар кој е пред финалните подготовки за премиерата в петок од 20:00 часот.

„Подготовките за „Рибарски караници“во полн ек! Ротинско езеро е вашата следна дестинација, заедно со НУ Народен Театар Битола да уживате и од срце да се насмеете! Уште еден доказ дека театарот го менува светот! Денес се започна со реконструкција на патот кој води до Ротинско езеро, туристичка атракција на која за прв пат ќе се одигра театарска претстава во продукција на НУ Народен Театар Битола “Рибарски караници“” во режија на Јован Ристовски. Театарот не е професија, театарот е начин на живот. Голема благодарност до сите кои деноноќно работаат на логистиката на 25 јули да се случи спектакл“ вели директорот на театарот Васко Мавровски.

Следниот ден в сабота исто така од 20:00 часот е претствата на истата локација.















